Jeyhun Aliyev
14 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
БЕЈРУТ
Во силната експлозија која минатата недела одекна во либанскиот главен град Бејрут загинаа 177 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Либан, Хамад Хасан, во изјава за локалната телевизија соопшти дека бројот на загинати во експлозијата во Бејрут е зголемен на 177.
Тој додаде дека сѐ уште се трага по 30 исчезнати и дека во катастрофата која на 4 август се случи во Бејрут, бројот на загинати би можел да биде зголемен на 200.
Либанската војска ги извести претставништвата на дипломатските мисии за механизмот на дистрибуција на собраната помош.
Во соопштението е наведено дека медицинската помош првенствено ќе биде распоредена според потребите на здравствените установи.
Помошта ќе биде распоредена во координација со Министерството за здравство и Министерството за одбрана.
По експлозијата на 4 август, помош на Либан му понудија многу земји, меѓу кои е и Турција.