Haydar Hadi
07 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
БАГДАД (АА) - Во терористичкиот напад кој се случи во ирачкиот главен град Багдад, бројката на загинати се зголеми на 292 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката за здравство на Ирак, Адиле Хумуд, изјави дека во бомбашкиот напад кој се случи во населбата Карада, во центарот на Багдад, билансот на загинати се зголеми на 292 лица.
Ирачката министерка Хумуд соопшти дека од загинатите, идентификувани се 115 лица, кои ќе им бидат предадени на семејствата, додека за 117 лица, кои биле изложени на силен оган, не е можно одредување на идентитетот.
Министерката Хумуд истакна дека „Вкупниот бројот на повредени изнесува 200 лица. Продолжува лекувањето на 23 повредени."
Одговорноста за бомбашкиот напад ја презеде терористичката организација ДАЕШ.