Adam Moro
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
КАИРО (АА) - Десет лица загинаа денес, вклучувајќи седум Коптски христијани, во оружен напад на црква јужно од Каиро, велат египетските официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од египетското министерство за здравство се вели дека 10 лица и еден од напаѓачите загинале во оружениот терористички напад на црквата Мар Мина во градот Хилван, јужно од Каиро.
Од министерството се додава дека петмина други се повредени, од кои две жени потешко.
Официјална египетска новинска агенција цитирајќи неименуван извор наведе „Безбедносните сили успеаја да неутрализираат еден од напаѓачите во престрелката, а сега се во потрага по другиот напаѓач“.
Во меѓувреме, египетската Коптска православна црква, го потврди нападот, и излезе со тврдење дека во истата област била нападната продавница во сопственост на христијанин.
Според портпаролот на црквата, Паул Халим, најмалку две лица загинале во последниот инцидент.
Министерството за внатрешни работи допрва треба да издаде официјална изјава за инцидентот, кој се случи само неколку часа откако армијата објави дека шестмина војници и тројца вооружени лица се убиени во две одделни вооружени судири во северниот дел на Синајскиот полуостров.
Во април, во напад извршен врз две цркви во северен Египет животот го загубија 45 лица. Терористичката група ДЕАШ подоцна ја презеде одговорноста за нападот.