Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
04 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
ИДЛИБ
Воздухопловните сили на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад во Сирија бомбардираа цивилни населби во подрачјето на деескалационата зона во Идлиб. Во нападот животот го загубија 3 лица, од кои две се деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Силите на режимот на Асад изведоа воздушни напади врз местото Џисир еш Шугур и селата Баширије, Зејзун, Џанудије, Ајн Барде и Шех Синдијан.
Во нападите животот го загубија тројца цивили, од кои две се деца, а 7 цивили се ранети.
Од друга страна, на подрачјето меѓу појасот Кеферума и селата Кефер Сеџне и Хас, изведени се напади со топовски, ракетни и минофрлачки гранати.
Во нападите на режимот и Русија од 17 септември 2018 година, кога беше потпишан Договорот меѓу Турција и Русија, врз подрачјето што се наоѓа во рамките на зоната за деескалација во Идлиб досега загинаа повеќе од 1.300 цивили. Од местата каде што нападите се интензивни во местата кои се релативно потивки, особено во близина на границата со Турција, во последната година мигрираа повеќе од 1 милион лица.