Erbil Başay
15 Јули 2021•Ажурирај: 15 Јули 2021
БЕРЛИН (АА) - Најмалку 33 лица загинаа во поплавите кои како последица на обилните врнежи од дожд ги погодија западните германски покраини Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полициска управа во Кобленз соопшти дека бројот на починати во поплавите во градот Бад Неунахр-Ахрвеилер е зголемен на 18 лица.
Министерството за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека најмалку 15 лица го загубиле животот во неколку градови во покраината.
Премиерката на таа покраина, Малу Дрејер, изјави дека станува збор за невидена катастрофа во тој регион.
„Ова е навистина поразително“, рече Дрејер во кратката изјава за медиумите.
Повеќе објекти во тие две германски покраини се срушија поради поплавувањето, а повеќето улици се под вода.
Спасувачките и другите надлежни служби се на терен и им помагаат на загрозените мештани.