Faruk Zorlu
15 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на жртви извлечени од урнатините на зградата во Мајами, во американската сојузна држава Флорида, вчера се искачи на 97, истакна градоначалничката на Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ова е 21. ден и нашите напори за потрага и спасување се во тек. Вкупниот број на потврдени смртни случаи сега изнесува 97 - неверојатна, срцепарателна загуба на животи“, напиша Кава на Твитер.
„Од пронајдените 97 тела, 90 се идентификувани а 88 семејства се известени“, соопшти таа.
„Ве молам, чувајте ги во срцата и во своите молитви сите оние кои се во жалост“, додаде Кава.
Се смета дека под урнатините на 13-катната зграда се наоѓаат уште околу 20 лица.
Потрагата низ урнатините се одвива континуирано откако на 24 јуни се урна речиси половина од зградата Шамплејн.