Beyza Binnur Dönmez
17 Август 2021•Ажурирај: 18 Август 2021
БОГОТА (АА) - Најмалку 1.419 лица загинаа, а повеќе од 6.900 се повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени по Рихтер што во саботата го погоди Хаити, јавува Агенција Анадолија (АА).
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 12 километри североисточно од Сен Луи де Суда, на длабочина од 10 километри.
Американскиот систем на предупредување за цунами издаде предупредување во регионот, наведувајќи дека брановите би можеле да достигнат три метри, но подоцна предупредувањето беше повлечено.
Според Американскиот геолошки завод (USGS), се почувствувал дополнителен потрес со магнитуда од 5,2 степени, а во наредните денови се очекуваат уште потреси.
По главниот потрес Американскиот геолошки завод (USGS) регистрираше девет дополнителни.
Официјалните претставници потврдија дека на Хаити дошло до големо уништување и дека во тек се акциите за потрага и спасување. Поради тоа, Хаити упати апел за меѓународна помош.
Еден од најсмртоносните земјотреси во светот во текот на минатиот век е регистриран токму на Хаити на 12 јануари 2010 година. Според официјалните податоци, тогаш загинаа 316.000 луѓе, а 300.000 беа повредени во потресот со јачина од 7 степени по Рихтер што се случи во јужниот дел на земјата.
Околу 1,3 милиони луѓе останаа без покрив над главата.