Sümeyye Dilara Dinçer
31 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
АНКАРА
Бројот на загинати во катастрофата предизвикана од тајфунот Раи, кој ги погоди централните и југоисточните делови на Филипините, се зголеми на 405, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Чајнал њуз Азиа“ (Channel News Asia), Рикардо Џалад, шефот на Националната служба за катастрофи, на прес-конференција истакна дека најголем дел од смртните случаи се должат на давење, падот на дрвјата и лизгањето на земјиштето.
Џалад, истакнувајќи дека во тајфунот се оштетени повеќе од 530.000 куќи, а една третина од нив се целосно уништени, рече дека штетата предизвикана од катастрофата врз инфраструктурата и земјоделството во земјата изнесува 620 милиони долари.
Во тајфунот бројот на жртвите се зголеми на 405, а 1.147 лица се повредени, додека 82 лица сѐ уште се водат како исчезнати.
Според владините податоци, 4,5 милиони луѓе се погодени од тајфунот.
Во државата Бохол, каде што тајфунот беше разорен, Ентони Дамалерио, шефот на службата за катастрофи, рече: „Тајфунот предизвика големо уништување и изгледаше како бомба да паднала во северниот дел на Бохол.“
Дамалерио додаде дека во државата, каде што се забележани 109 загинати од тајфунот, има потреба од засолништа, храна и вода.
Просечно 20 бури и тајфуни ги погодуваат Филипините секоја година. Раи беше 15-тиот и најсмртоносниот тајфун што ја погоди оваа земја во Југоисточна Азија оваа година.