Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Септември 2018•Ажурирај: 06 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во Јапонија 11 лица ги загубија животите од тајфунот Џеби, кој е оценет како најсилен во последните 25 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена од страна на информативната агенција „Кјодо“, тајфунот одзеде 11 животи, а повеќе од 400 лица се повредени.
Поради затворањето на аеродромот „Кансаи“, кој 18 часа остана без електрична енергија, околу 5.000 лица заробени на аеродромот, со ферибот и брзи чамци се пренесени на копно, бидејќи мостот што го поврзува аеродромот со Осака беше оштетен од брод танкер кој удри во него.
Се соопштува дека пистите на аеродромот „Кансаи“ ќе бидат пуштени во употреба утре наутро, а од денешното откажување на летовите засегнати се повеќе од 30.000 патници.
Во подрачјето сѐ уште без електрична енергија се 400.000 семејства.
Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, на својот профил на социјалната мрежа Твитер, објави: „Ќе продолжиме да вложуваме максимален напор за поправка на инфраструктурата и на уривањата предизвикани од тајфунот.“