Zuhal Demirci
17 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
АНКАРА (АА) – Бројот на загинатите во терористичкиот напад на две џамии во текот на петочната молитва во новозеландскиот град Крајстчерч, зголемен е на 50, потврди шефот на полицијата во таа земја Мајк Буш, јавува Anadolu Agency (AA).
Буш оваа информација ја објави на прес-конференција, на која истакна дека со семејствата на жртвите од терористичкиот напад се споделени информации за идентитетите на загинатите.
Идентитетите на загинатите не се споделени со јавноста.
Новозеландската полиција потврди претходно дека во два вооружени терористички напади врз џамиите во петок во Крајстчерч се убиени 49 лица, а 42 повредени.
Полицијата набргу по нападот објави дека се уапсени четири лица, а дека едно од нив е идентификувано како 28 годишен државјанин на Австралија.