Bedrudin Brlyavac
12 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека терористичкиот напад во Истанбул го извршил припадник на ДАЕШ со странско државјанскто, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакна дека лицата кои го изгубија животот во терористичкиот напад во Истанбул се странски државјани.
"Сега знаеме дека извршителот на нападот е странски државјанин и припадник на ДАЕШ. Со тоа, уште еднаш сакаме да нагласиме дека со иста одлучност како што работевме и досега ќе ја продолжиме борбата против терористичката организација ДАЕШ, која го изведе овој напад, рече Давутоглу.
Тој нагласи дека досега во борбата против ДАЕШ постапувале отврено и принципиелно.
"Без оглед на етничката, деноминативната или верск позадина, секој што ќе изврши терористички напад сторил злосторство против човештвото", рече турскиот премиер.
Истакна дека цела Турција сочувствува со болката и длабоката тага на семејствата на жртвите од денешниот напад.
"Сите наши гости во Турција ги гледаме како дел од семејството и болката на гостите кои ја посетија Турција е болка на 78 милиони жители на Турција", рече Давитоглу.
На крај ги повикуваме сите сегменти на општеството и државата на одлучна борба против тероризмот.
Во нападот на бомбашот самоубиец, утринава, во туристичкиот дел на Истанбул се убиени 10, а ранети 15 лица. Меѓу ранетите има и неколку животно загрозени.