Dejan Maksimoviç
01 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Јануари 2016
МИНХЕН (АА) - Железничките станици во Минхен се отворени во првиот ден на новата година, а возовите нормално сообраќаат. Но, од полицијата предупредуваат дека и понатаму е на сила предупредувањето од можен терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Исто така, се наведува дека околу 500 полицајци во Минхен трагаат по седуммина кои се сомничат дека подготвувале самоубиствен терористички напад во текот на новогодишната ноќ.
Само неколку часа пред Минхен да влезе во Новата година, полицијата ја евакуирапе главната железничка станица и уште една во нејзина близина поради закана од терористички напад.
Јоаким Херман, баварскиот министер за внатрешни работи, изјави дека странски пријателски извор ја преупредил германската разузнавачка сужба дека се подготвува терористички напад на полноќ, од страна на припадниците на ДАЕШ од Ирак. Според него, пет до седум бомбаши самоубијци планирале да се разнесат на неколку различни локации во Минхен, вклучувајќи и две железнички станици.
Без оглед на предупредувањето кое го издаде полицијата, да се избегнуваат масовни собири во новогодишната ноќ, илјадници луѓе новата 2016 година ја дочекаа на улиците на Минхен.