Gökhan Ergöçün
06 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на Европската Унија во 2017 година биле превезени над милијарда патници во воздушниот сообраќај, објави денес Евростат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за статистика на ЕУ соопшти дела бројот на патници во авиопревозот се зголемил за 7 отсто во споредба со претходната година.
Во текот на годината најголем број патници биле регистрирани во Велика Британија, 265 милиони.
По Велика Британија следуваат Германија (212 милиони патници), Шпанија (210 милиони), Франција (154 милиони) и Италија (144 милиони).
Најфреквентен аеродром во ЕУ во 2017 година бил лондонскиот аеродром „Хитроу“, низ кој минале 78 милиони патници.
По него следуваат аеродромите „Шарл де Гол“ во Париз (69 милиони патници), „Шипхол“ во Амстердам (68 милиони), „Франкфурт на Мајна“ (64 милиони) и „Барахас“ во Мадрид (52 милиони).
Според податоците на турското Министерство за транспорт, бројот на патници кои минаа низ турските аеродроми во 2017 година, достигнал 193 милиони.