Leyla Ataman Koyuncuoğlu
20 Февруари 2018•Ажурирај: 21 Февруари 2018
АНТАЛИЈА (AA) - Во извештајот од Светскиот туристички барометар на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO), наведено е дека во 2017 година бројот на странски туристи на глобално ниво достигна 1,3 милијарди, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот од Светскиот туристички барометар на UNWTO, во 2017 година бројот на странските туристи се зголеми за 6,7 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи 1 милијарда 322 милиони луѓе. Наведенaта мерка е највисока бројка од 2010 година.
Гледано по континенти, во споредба со претходната година глобалниот туристички раст беше 8 проценти во Европа и Африка, 6 проценти во Азија и Пацификот, 5 проценти на Блискиот Исток и 3 проценти во САД.
Европа ја посетиле 671 милиони туристи, 324 милиони Азија и Пацификот, 207 милиони Америка, 62 милиони Африка и 58 милиони туристи го посетиле Блискиот Исток.
Предвидено е дека процентот на меѓународни патници ќе се зголеми за 4-5 проценти оваа година.