Ahmet Gençtürk
12 Декември 2024•Ажурирај: 16 Декември 2024
АТИНА (АА) – Европската Унија (ЕУ) денес го одобри полноправното членство на Бугарија и Романија во Шенген-зоната од 1 јануари 2025 година, јавува Анадолу.
„Голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа“, се вели во соопштението на унгарското претседателство со Советот на ЕУ.
Одлуката беше наречена „историски момент“.
„Укинувањето на проверките на лицата на внатрешните копнени граници со и меѓу тие земји членки беше главен приоритет за унгарското претседателство, денес го направивме тоа реалност. Од овој потег ќе имаат корист не само бугарските и романските граѓани, туку и ЕУ во целина“, се наведува во соопштението.
Шенген е најголемата област за слободно патување во светот. Шенген-зоната сега опфаќа 29 земји (25 од 27-те земји членки, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија) и 420 милиони луѓе.