Mehmet Yılmaz
07 Јуни 2019•Ажурирај: 08 Јуни 2019
БУДИМПЕШТА (АА) - Бројот на загинати во несреќата во која туристички брод потона во реката Дунав, во унгарскиот главен град, Будимпешта, се искачи на 17 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Полициската дирекција на Унгарија, како резултат на операциите во врска со потонатиот брод од водата биле извлечени уште четири безживотни тела.
Според тоа, бројот на загинатите во оваа несреќа се искачи на 17 лица.
Во ова соопштение се нагласува дека во тек се операциите за пребарување на уште 11 лица кои се водат како исчезнати, од кои 9 лица со потекло од Јужна Кореја и 2 лица со потекло од Унгарија.
Бродот во кој се наоѓала група од 35 туристи, од кои 33 туристи од Јужна Кореја и 2 лица од Унгарија коишто биле дел од екипажот, се судри со друг брод. Како резултат на несреќата, бродот со туристи потона во реката Дунав.
Седум лица биле спасени во несреќата.