Gülbahar Sayım
14 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
УАГАДУДУ (АА) - Бројот на загинатите во нападот извршен во ресторан во главниот град на Буркина Фасо, Уагадуду, се искачи на 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за комуникација на Буркина Фасо, а воедно и владин портпарол, Ремис Данџину, во изјава за медиумите истакна дека во ноќните часови е извршен напад на еден ресторан, при што загинаа 20 лица.
Данџину истакна дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи во нападот има тешко повредени.
Полициски службеници, пак, пренесоа дека тројца или четворица напаѓачи на мотоцикли дошле во ресторанот и отвориле оган врз лицата кои се наоѓале во објектот.
Надлежните велат дека операцијата на безбедносните сили заврши откако беа спасени 15 лица кои беа земени како заложници.
Од извори во болницата „Јалдаго Уедраого“ се дознава дека повредените во нападот добиле психолошка поддршка и се повикуваат граѓаните да донираат крв за ранетите.
Според соопштеното, еден турски државјанин загина во нападот, а друг турски државјанин е повреден.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.