Beyza Binnur Dönmez
05 Јануари 2023•Ажурирај: 06 Јануари 2023
ВАТИКАН (АА) - Бенедикт Шеснаесетти, првиот папа кој поднесе оставка во последните шест века, денес беше погребан со погребна церемонија во гробницата во Базиликата „Свети Петар“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 50.000 луѓе се собраа на Плоштадот „Свети Петар“ на погребната церемонија со која раководеше наследникот на починатиот Бенедикт, папата Франциск.
Бенедикт Шеснаесетти почина на 95-годишна возраст на 31 декември во Манастирот „Мајка на Црквата“.
Меѓу стотиците илјади кои пред една недела му оддадоа почест беа и италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателот Серџо Матарела, на бдеењето во Базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.
Според Ватикан, здравјето на папата Бенедикт се влошило поради староста.
Во 2013 година, папата Бенедикт Шеснаесетти донесе необична одлука да поднесе оставка од својата функција, наведувајќи ја неговата старост како причина.