Ekipa
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
АТИНА (AA) – Ватикан потврди дека папата Франциско со себе од Грција во Италија однесе 12 сириски бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Три семејства, меѓу кои шест деца, се состанаа со папата на аеродромската писта во Лезбос и влегоа заедно со него во авион.
Во соопштението од Ватикан е наведено дека папата сакаше да направи гест за добредојде на бегалците кои беа во камповите на грчкиот остров пред договорот на Европската унија и Турција за депортација на мигрантите кој стапи на сила од 20 март.
Се наведува дека Ватикан ќе ја преземе одговорноста за поддршка на семејствата. На почетокот за нивното сместување ќе се погрижи католичката заедница Сант Егидио.