Michael Sercan Daventry
21 Јануари 2016•Ажурирај: 22 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин "веројатно" го одобрил убиството на поранешниот руски шпион во Лондон со радиоактивен отров, покажаа податоците од истрагата, јавува Anadolu Agency (AA).
Александар Литвиненко почина како резултат на труење со радиоактивни супстанции во ноември 2006 година, по пиење чај контаминиран со полониум во еден хотел во Лондон.
Долгоочекуваниот извештај за убиството, составен од британскиот судија сер Роберт Овен, наведува дека убиството било извршено од страна на руската разузнавачка служба (ФСБ), раководена од страна на Николај Петрушев.
"Со оглед на сите докази и анализи што ги имав на располагање, открив дека операцијата на ФСБ за убиство на Литвиненко е веројатно одобрена од страна на Петрушев како и од страна на претседателот Путин", се вели во извештајот.
Во својата изјава, вдовицата на Литвиненко рече дека е задоволна од фактот дека англискиот суд ги потврди зборовите на нејзиниот сопруг кажани на својата смртна постела.