Hasan Esen
10 Декември 2020•Ажурирај: 10 Декември 2020
ЛОНДОН
Преговорите за договорот кои ќе ја обликуваат трговијата и идните односи меѓу Велика Британија и Европската Унија (ЕУ) ќе продолжат сѐ до недела за да се постигне конечна одлука, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лејен, вчера во Брисел разговараа во рамките на преговорите за Трговскиот договор.
Британската Влада по состанокот објави соопштение во кое се наведува дека Џонсон и Вон дер Лејен имале состанок за многу важни препреки во преговорите.
„Сепак, и понатаму постојат огромни разлики во мислењата меѓу двете страни и сѐ уште не е јасно дали можат да се надминат“, се наведува во соопштението и се додава дека е договорено преговорите сепак да бидат продолжени.
Уште се наведува дека премиерот Џонсон не сака несигурен договор и дека страните се согласиле до недела да биде донесена конечна одлука за иднината на преговорите.
Велика Британија ја напушта ЕУ официјално на 31 јануари, но Велика Британија и ЕУ и понатаму водат опширни преговори за билатералните односи, претежно во областа на трговијата.
Меѓу главните теми на преговорите се воспоставување праведна конкуренција и начините за решавање на несогласувањата во врска со трговијата и рибарството.
Транзицискиот период трае до крајот на оваа година и Велика Британија сѐ дотогаш ќе се однесува во согласност со правата кои ги имаше и како членка на ЕУ.
Доколку страните не постигнат договор, трговските односи по 31 декември ќе бидат дефинирани според правилата на Светската трговска организација (СЗО).