Ahmet Gürhan Kartal
13 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
ЛОНДОН (АА) - Британското кралско семејство ќе се состане денес за да дискутира за шокирачката објава на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, коишто изјавија дека сакаат да се повлечат како постари членови од кралското семејство и дека сакаат да бидат „финансиски независни“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кралицата Елизабета ќе се состане со принцот Чарлс, принцот Вилијам и принцот Хари во Сандрингрем, а се очекува да се вклучи и принцезата Маркл преку телефонски повик од Канада, каде што таа во моментот престојува.
Војводата и војвотката од Сасекс минатата недела најавија дека сакаат да се повлечат како постари членови од британското кралско семејство.
„По повеќемесечно размислување и внатрешни дискусии, ние одлучивме да направиме измена оваа година со тоа што ќе започнеме со создавање прогресивна нова улога во рамките на оваа институција“, се вели во изјавата на принцот Хари и неговата сопруга Маркл.
„Имаме намера да се повлечеме како постари членови од кралското семејство и да работиме за да станеме финансиски независни, а продолжуваме целосно да го поддржуваме Нејзиното Височество Кралицата“, додава брачниот пар.
Соопштението следуваше по објавите на локалните таблоиди дека парот ќе се откаже од своите кралски титули и ќе се пресели во Канада, по шестнеделното патување во Канада со нивниот син Арчи.
Принцот Хари е внук на кралицата Елизабета II и е шести по ред во линијата наследници за британскиот трон.