Ömer Koparan
13 Јануари 2020•Ажурирај: 17 Јануари 2020
ТЕЛ АБЈАД (АА) – Во Тел Абјад, кој беше исчистен од терористите со операцијата „Извор на мирот“, започнаа со работа сириските полицајци обучени во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните полицајци добија практична обука за интервенција во социјални немири, за полициско законодавство, општа дисциплина, оперативни обуки, за уништување на рачно изработени експлозивни материјали и за истрага на местото на злосторствата.
Фаиз Мухамед, началникот на полицијата на Тел Абјад во изјавата за АА рече: „Околу еден месец се обучувавме во Турција. Од денес во центарот на градот започнаа со работа 420 локални безбедносни сили. Поделени во единици ќе се грижиме за мирот во регионот.“
Локалните полицајци ќе работат како единици за борба против тероризмот, сообраќајни полицајци, единица за борбата против организираниот криминал и шверцот и единица за истрага на местото на настанот.
Тел Абјад, кој се наоѓа на сириска територија, беше ослободен од терористите на 13 октомври 2019 година.