İnci Gündağ
08 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија во врска со нападот со хемиско оружје извршен во подрачјето на Источна Гута, Сирија, од страна на режимот на Башар ал-Асад, упати апел до режимот и неговите поддржувачи за запирање на насилството врз невините цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ако вестите околу нападите со хемиско оружје во коишто има голем број жртви, се вистинити, тогаш тие презентираат повеќе докази за суровоста на Асад врз невините цивили, и за непочитувањето на меѓународните правила од страна на поддржувачите на режимот. Потребно е итно да се започне истрага и меѓународната заедница да одговори на тоа. Упатуваме апел до Асадовиот режим и неговите поддржувачи, Русија и Иран, за запирање на насилството врз невините цивили“, се вели во соопштението на британското Министерство за надворешни работи, околу нападот со хемиско оружје во ова подрачје.
Најмалку 40 цивили загинаа во вчерашниот напад со хемиско оружје во подрачјето на Дума во Источна Гута, извршен од страна на Асадовиот режим.
Моментално околу 100.000 лица живеат под блокада во подрачјето на Дума кое е последната точка во Источна Гута под контрола на опозицијата.