свет

Во Германија започна отстранувањето на бомба тешка два тона

Властите наредија евакуација на населението во радиус од километар и пол околу бомбата, и рано утринава беа евакуирани над 26.000 лица

Elvir Hociç  | 08.04.2018 - Обновена : 09.04.2018
Во Германија започна отстранувањето на бомба тешка два тона

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Специјалниот деминерски тим денес во северозападниот германски град Падерборн започна да работи на отстранување на речиси два тона тешка бомба останата од периодот на Втората светска војна, јавува Anadоlu Agency (AA).

Властите наредија евакуација на луѓето во радиус од километар и пол околу бомбата, па рано утринава беа евакуирани повеќе од 26.000 лица.

Меѓу евакуираните се и пациентите на две болници, персонал од локалниот универзитет и штитеници на неколку домови за стари лица.

Евакуирано е и населението од стариот градски центар.

Бомбата е пронајдена пред десет дена за време на работа во семејна градина. Откриена е на длабочина од цели 80 сантиметри и претставува голема опасност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın