Bedrudin Brljavac
01 Мај 2021•Ажурирај: 04 Мај 2021
КАПИЛВАСТУ
Поголемиот дел од жителите на Непал како превозно средство најчесто користат велосипеди и мотоцикли, известува Агенција Анадолија (АА).
Голем број туристи при пристигнувањето во оваа земја, сместена на самиот југ од азискиот континент, изненадени се кога ќе забележат дека велосипедите и мотоциклите се најчесто користени превозни средства на улиците на Непал.

Велосипедите и мотоциклите во оваа земја се употребуаат за многу цели, особено за транспорт на патници и транспорт на товар.
Возењето со велосипед и мотоцикл, поради големиот метеж на патиштата, значително го олеснува секодневниот живот на граѓаните на Непал, земја со популација од околу 30 милиони.
Во Непал за извршување на секојдневните обврски велосипедите и мотоциклите ги користат сите, како возрасните и постари лица, така и учениците кои на тој начин одат и се враќаат од училиште.
