Emre Aytekin
01 Мај 2021•Ажурирај: 02 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку 11 лица загинаа во силно невреме што ја зафати југоисточната кинеска провинција Ѓангсу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Силното невреме го зафати градот Нантонг, на брегот на реката Јангцекјанг, а според првичните информации загинале 11 лица, додека 102 лица се повредени, јави Би-би-си (BBC).
Се наведува дека луѓето поради силниот ветар паднале во реката, и дека се паднати голем број дрвја и електрични столбови.
Поради невремето, се превртел рибарски брод во којшто се наоѓале 11 лица. Досега се спасени две, а се трага по девет лица.