Zehra Ulucak
14 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (AA) - Генералното собрание на Обединетите нации по трет пат го суспендираше правото на глас на Венецуела и Либија за три години, јавува Anadolu Agency (AA).
По изјавата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дека до крајот на јануари, 14 земји меѓу кои се Венецуела и Либија, се должници на ОН, портпаролот на Генералното собрание, Брендан Варма, рече дека Венецуела и Либија се суспендирани да гласаат.
Гутереш испрати писмо до претседателството на Генералното собрание велејќи дека Венецуела треба да плати најмалку 25 милиони долари, а Либија 6,5 милиони долари за да им се врати правото на глас.
Другите земји на кои им е одземено правото на глас во Генералното собрание поради неплаќање членарина се: Централна Африканска Република, Доминика, Доминиканската Република, Гренада, Маршалските Острови, Суринам, Јемен и Екваторска Гвинеја.