Michael Hernandez
23 Јануари 2019•Ажурирај: 23 Јануари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Лидерот на опозицијата во Венецуела и претседател на Националното собрание, Хуан Гуаидо, ги повика граѓаните на масовни протести против Николас Мадуро, во надеж дека ќе биде извршен притисок врз него за да отстапи од власта, јавува Anadolu Agency.
Мадуро претходно овој месец положи заклетва за уште еден шестгодишен мандат на чело на Венецуела.
Сепак, Гуаидо, лидерот на опозицијата, повика на одржување на нови избори во земјата.
Голем број на извори наведуваат дека на улиците излегле голем број на демонстранти, а според некои извештаи безбедносните сили се обиделе да ги разбркаат со солзавци.
Некои извори наведуваат дека загинал еден демонстрант.
Американскиот претседател Доналд Трамп го призна претседателот на Националното собрани на Венецуела, Хуан Гуаидо како „привремен претседател“ на таа земја.
Ова е најнова одлука во екот на нарушените односи меѓу Вашингтон и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Гуаидо е претседател на Националното собрание на Венецуела, кој Мадуро одбива да го признае.
„Во својата улога како единствен легитимен огранок на власта избрана од страна на венецуелскиот народ, Националното собрание се повика на Уставот на земјата да го прогласи Николас Мадуро за нелегитимен, па Кабинетот на претседателството поради тоа е празен“, изјави Трамп објавувајќи ја својата одлука.
Трамп потоа ги повика и другите земји на западната хемисфера да го следат примерот на прогласување на Гуаидо за легитимен лидер на Венецуела.