свет

Викендов ќе се одржи премиерна проекција на филмот „Болница Шифа - документарец за 14-дневното ѕверство“

- Документарниот филм, подготвен од иницијативата „Снимено за човештвото“ и Дигиталната платформа Ал Џезира 360, чиј партнер за глобална комуникација е Агенцијата Анадолу, се однесува на бомбардирањето на болницата Шифа во Газа од страна на Израел.

Fatih Türkyılmaz  | 23.08.2024 - Обновена : 23.08.2024
Викендов ќе се одржи премиерна проекција на филмот „Болница Шифа - документарец за 14-дневното ѕверство“

ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерната проекција на филмот „Болницата Шифа - документарец за 14-дневното ѕверство“, подготвен од Иницијативата „Снимено за човештвото“ и дигиталната платформа Ал Џезира 360, чиј партнер за глобална комуникација е Агенција Анадолу (AA), ќе се одржи утре.

Документарецот, кој ќе биде презентиран пред публиката во Салата Мармара во истанбулскиот Меѓународниот конгресен и изложбен центар Љутфи Кирдар, се однесува на израелското бомбардирање на болницата „Шифа“ во Газа.

На настанот организиран од Иницијативата „Снимено за човештвото“, која е формирана за да го сними и архивира геноцидот што Израел го изврши во Палестина и Газа, ќе се одржи и панел-дискусија со режисерот на документарниот филм.

Модератор на панелот е активистот Енес Јалман, а говорници ќе бидат режисерот Обада ал Багдади, докторката од Газа, Фадија Малхис, новинарите Ибрахим Сабер, Бекир Џантемир и главниот уредник на ТВ Хабертурк, Мехмет Акиф Ерсој.

Пред проекцијата ќе може да се посети и изложбата на фотографии направени од фоторепортерите на АА, како живи сведоци на процесот на геноцид што се одвива во Газа од 7 октомври 2023 година.


- Масакрот во болницата Шифа

Израелската Армија утрото на 18 март изврши рација во болницата Шифа, лоцирана во западниот дел на градот Газа, каде што беа засолнети повеќе од 7.000 болни и раселени Палестинци, и го опколи медицинскиот комплекс.

Во рацијата беа приведени повеќе од 800 луѓе и биле испрашувани од страна на израелските сили за време на рацијата, а повеќе од 170 Палестинци ги загубија животите.

Со повлекувањето на израелската Армија, пронајдени се масовни гробници со изгорени човечки трупови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.