Elvir Hocic
03 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
ВИТЛЕЕМ (AA) – Властите го завршија предбожиќното украсување на Витлеем, која е главна туристичка атракција на окупираниот палестински Западен Брег, каде што стотици илјади христијански верници и туристи го дочекуваат Божиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
И оваа година во Витлеем се очекува Божиќ да го дочекаат околу 100.000 верници и туристи, додека пак градот е украсен со посебно осветлување и декорации.
Прославата ќе кулминира со полноќната миса во 17 векови старата Црквата на Исусовото раѓање, за која христијаните веруваат дека е изградена на местото каде што се родил Исус.
На блискиот плоштад Манго, односно на плоштадот Јаслица, е поставена висока елка од 15 метри околу којашто се собираат луѓето и пеат.