Zehra Ulucak
03 Декември 2017•Ажурирај: 04 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Како резултат на судир на рибарски чамец со брод - доставувач на гориво во Јужна Кореја, животот го загубија 13 лица, а двајца се водат за исчезнати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција Јонхап, во соопштението на службата за Крајбрежна безбедност на Јужна Кореја се наведува дека рибарскиот чамец со тежина од 9,8 тони се превртел откако се судрил со брод - доставувач на гориво со тежина од 336 тони во близина на градот Инчеон.
Претставник од Крајбрежната безбедност, кој сакаше да остане анонимен, соопшти дека за време на несреќата во чамецот се наоѓале 22 лица, од кои двајца од екипажот.
Тој пренесе дека 7 лица се спасени, 13 лица загинале, додека двајца се водат за исчезнати.
Несреќата во која поголемиот брод не е оштетен, се случила во близина на осторовот Јеонгхеунг.
Државниот министер, Мун Џае-ин, кој бил информиран за случајот, дал инструкции за започнување спасувачка операција со цел да се најдат лицата кои се водат како исчезнати.
Во спасувачката операција учествуваат 14 бродови и 4 хеликоптери.