Hussameldin Abdelgadir Salih Mohamed,Halime Afra Aksoy
17 Ноември 2023•Ажурирај: 18 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Владата во Појасот Газа синоќа соопшти дека повеќе од 7.000 раселени лица, пациенти и медицински персонал во болницата Ал Шифа се соочуваат со смрт поради недостиг на вода и храна во комплексот на болницата окупиран од страна на израелската војска, јавува Анадолу.
Владината канцеларија за медиуми информира дека во болницата Ал Шифа нема вода, храна и млеко за децата.
„Нема ниту вода ниту храна во болницата Ал Шифа, во која се сместени 650 пациенти и околу 7.000 раселени лица“, се наведува во соопштението од Газа.
Израелската војска ги онеспособи возилата во комплексот на болницата Ал Шифа и го спречи излегувањето на медицинскиот персонал и пациентите.
„Ситуацијата во болницата Ал Шифа е многу опасна. Повикуваме на итна интервенција за да се спасат луѓето во болницата“, се наведува во соопштението.