Ayhan Şimşek
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
БЕРЛИН (АА) - Бегалците страдаат од присилни враќања извршени од тајните безбедносни сили на границите на ЕУ, откри заедничката истрага на водечките медиумски организации.
Германскиот дневен весник „Шпигел“ (Spiegel) на својата веб-страница објави видеа на кои се гледа како маскирани грчки офицери пресретнуваат и стопираат бродови со бегалци во Егејското Море, загрозувајќи ги животите на ранливите баратели на азил.
Поранешен висок офицер на грчката крајбрежна стража ги идентификуваше маскираните лица како членови на безбедносните единици Подводни операции (MYA) и Специјални операции (КЕА) (ОЕА).
Весникот објави дека нивната заедничка истрага открила дека операциите на враќање од страна на безбедносните сили станале систематски практики во кршење на правото на ЕУ и Женевската конвенција за бегалци.
„Тие најчесто работат тајно - и се финансираат од даноците што ги плаќаат граѓаните на Европа“, пишува неделникот.
Едномесечната истрага на девет медиумски организации, исто така, документира практики на нелегални враќања од страна на хрватската и романската специјална полициска единица на границите на ЕУ.
Тие објавија визуелни докази кои покажуваат дека маскирани безбедносни сили тепаат некои од бегалците и насилно ги принудуваат да се вратат преку границата.
Освен од „Шпигел“, истражувачкото известување беше поддржано и од „Лајтхаус репортс“ (Lighthouse Reports), непрофитна организација, германскиот јавен радиодифузер АРД (ARD), францускиот весник „Либерасион“ (Liberation) и од неколку други европски медиуми.