Lokman İlhan
24 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
КАРАКАС (АА) - Заменикот-претседател на Венецуела, Хорхе Родригез, го обвини лидерот на опозицијата и самопрогласениот привремен претседател Хуан Гваидо дека планирал терористички активности во оваа јужноамериканска земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Длабоката политичка криза во Венецуела дополнително ескалираше во четвртокот, кога беше уапсен Роберт Mареро, шефот на Кабинетот на Гваидо, кој се товари за противуставно дејствување, поттикнување тероризам и насилство и планирање атентат на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Со одобрение на Обвинителството, Родригез на прес-конференција покажа дел од пораките и содржината од мобилниот телефон на Мореро, кои, како што наведува, ги потврдуваат тврдењата во обвинението.
Родригез, исто така рече дека опозицијата ангажирала парамилитарни сили од Латинска Америка и им дала листа на важни лица кои требало да бидат цели на атентат.
„Моментално во Венецуела имаме парамилитанти кои биле на обука во Колумбија. Венецуелската армија трага по нив. Тие парамилитанти планирале извршување напади на жичницата и метрото во Каракас“, рече Родригез.
Тој, исто така, рече дека војската веќе го уапсила Вилфрет Торес Гомез, кој под кодното име „Неко“ беше на чело на озлогласената колумбиска парамилитарна група Растрохос.