Elvir Hociç
20 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
БАКУ (AA) - Германскиот возач Нико Розберг во болидот Мерцедес славеше победа на првата трга за Големата награда (ГН) на Европа која денес е возена низ улиците на Баку, главниот град на Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Росберг од стартот на трката до проаѓањето низ цента по 51 круг беше доминантен и не дозволи било кој да го загрози. Втори низ целта помина, исто така германскиот возач Себастијан Фетел, кој во болидот на Ферари доцнеше зад Росенберг за нешто повеќе од 16 секунди. Трет беше Мексиканецот Серхио Перез за воланот на болидот „Force India Mercedes". Кими Рајконен од Ферари трката ја завши на четврто, а Луис Хамилтон болидот на Мерцедес и покрај техничките проблеми со болидот, успеа од десетата стартна позиција да дојде до петото место.
Росберг ја зацврсти својата водечка позиција со вкупно 116 бода, додека неговиот тимски колега Хамилтон, второпласиран со 107. Возачот на Ферари Фетел на третото место со 78 поени.
„Најбрзиот циркус на светот", се сели во Австрија, каде на 3 јули ќе биде возена наредната трка за Големата награда на таа земја.