Ruslan Rehimov
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
БАКУ (АА) - Улиците на Баку се затворени за сообраќај и претворени се во писта на која од 17-ти до 19-ти јуни ќе се вози првата трка од Формула 1 за Големата награда на Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Централниот плоштад Азадлик во Баку е претворен во 300-метри долг "пит-стоп", во кој ќе бидат поставени механичарските и технички тимови на екипите на Формула 1, а во тек се и завршните работи на реновирање на трибините од кои илјадници гледачи во главниот град на Азербејџан ќе имаат можност за прв пат да уживаат во „најбрзиот циркус во светот”.
Движењето на возилата и пешаците е блокирано по должина на патеката, на која утре ќе започнат квалификациските возења пред завршната пресметка на болидите во недела.
Во Баку на сила се зајакнати мерки за безбедност со цел домаќините да ја оправдаат довербата на раковоството на Формула 1, кое од оваа година во натпреварувачкиот календар го вброи тој Грен При.
За организација на трката задолжена е компанијата "Baku City Circuit", а трката ќе ја следат вкупно 40.000 гледачи, од кои за 30.000 обезбедени се седишта на трибините.
Стартот на трката е на плоштадот Азадлик, а потоа болидите ќе возат по улиците долж брегот на Каспиското Море и низ стариот дел на градот Баку, од каде повторно ќе се вратат на плоштадот Азадлик.
Патеката е долга шест километри и ќе се вози вкупно 51 круг. Неколкуте правци на кои ќе се развива брзина од 340 километри на час и 20 остри кривини се гаранција дека љубителите на овој спорт ги очекува интересен натпревар.