Halil Silahşör,Ahmet Dursun
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
ИСТАНБУЛ
Најмалку 3.812 цивили се убиени или повредени во нападите и операциите во Авганистан во првите шест месеци од 2019 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Мисијата на Обединетите нации во Авганистан (UNAMA), низ целата земја 1.336 цивили ги загубиле животите во првата половина од годинава, а повредени се 2.446.
Според извештајот, 37 отсто од вкупно 3.812 убиени или повредени лица во првата половина од годината се случиле во нападите на владините и коалициски сили. Антивладините групи, на чело со Талибанците, предизвикаа 52 отсто од убиствата или повредите.
- Во нападите на НАТО и владините сили загинаа 717 луѓе
Бројот на загинати и повредени цивили опадна за 27 отсто во однос на истиот период минатата година, но бројот на цивили убиени при операциите на Владата и силите предводени од НАТО е зголемен за 31 процент.
Во овој период, 717 цивили се убиени, а 680 се повредени во нападите на Владата и силите на НАТО. Во операциите низ целата земја, 144 жени и 327 деца ги загубија своите животи.
Во извештајот е потенцирано дека стапката на убиени цивили во воздушните напади во однос на минатата година е зголемена за 39 отсто. Во првата половина од годината, 519 цивили, меѓу кои и 150 деца, се убиени или повредени во воздушните напади.