Islam Uddin
06 Декември 2023•Ажурирај: 06 Декември 2023
МАНИЛА (АА) - Најмалку 25 лица загинаа, а неколку се повредени откако патнички автобус вчера излета во провалија во западниот регион на Висајските Острови на Филипините, известија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.
Филипинската новинска агенција објави дека автобусот тргнал кон централната провинција Антике од градот Илоило, на островот Панај, и излетал во провалија во планинско подрачје.
Официјални лица информираа дека во автобусот имало 53 патници и дека спасувачките екипи веќе стигнале на местото на несреќата, а неколку повредени се префрлени во болница.
Според првичните информации, автобусот удрил во бариерата на патот поради механички дефект и излетал од патот во провалија.