Seif Eddine Trabelsi,Mahmut Geldi
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
СИРТ (АА) - Во либискиот град Сирт продолжуваат судирите меѓу единиците на Владата на национално единство и припадниците на ДАЕШ, кои започнаа вчера. Во судирите досега животот го загубија 36 припадници на владините сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Централната болница во Мисурата се вели дека во акцијата на силите на Ел-Бунјану Мерсус, кои се дел од единиците на Владата на национално единство, против терористичката организација ДАЕШ, загинале 36 припадници на владините сили, чии посмртни останки биле донесени во болницата.
Претходно од болнички извори е пренесено дека во судирите се убиени десетици милитанти на ДАЕШ, пет припадници на безбедносните сили ги загубиле животите, а 16 биле ранети.
Судирите во регионот продолжуваат.
Единиците кои се дел од Владата на национално помирување во Либија, веќе еден месец се борат против терористичката организација ДАЕШ на северот од државата. Од јануари 2015 година до сега, Сирт беше под контрола на ДАЕШ. На 13-ти јуни, единиците на Владата на национално единство градот Сирт го презедоа под своја контрола.