Esat Fırat
14 Март 2019•Ажурирај: 15 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во придружба на израелската полиција, 240 радикални Евреи влегоа во комплексот на „Ал Акса“, сместен во окупираниот Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Управата за вакуфи во Ерусалим, Фирас Дибс, соопшти дека Евреите од утринските часови во групи влегувале во „Ал Акса“ и дека меѓу нив имало околу 40 ученици на вишите верски училишта.
Тој истакна дека и покрај дождливото време, радикалните Евреи продолжиле да влегуваат во „Ал Акса“.
Дибс изјави дека израелската полиција на еден од влезовите на „Ал Акса“ го привела чуварот на комплексот, Самир ал Кабани.
Изјави и дека тензиите се подигнати по чекорите на израелскиот режим и укажа на повиците Евреите да продолжат да влегуваат во „Ал Акса“.
Радикалните Евреи, во придружба на полицијата повремено во утринските и попладневните часови влегуваат во дворот на „Ал Акса“, што доведува до зголемување на тензиите меѓу Палестинците и припадниците на безбедносните сили на Израел.
Влезовите во „Ал Акса“, кои израелската полиција ги затвори во попладневните часови во вторникот, повторно се отворени вчера изутрина.