Jeyhun Aliyev
14 Март 2019•Ажурирај: 15 Март 2019
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, денеска изјави дека ЕУ ќе додели грант од 1,5 милијарда евра за Сиријците во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Би сакала да потврдам дека ќе доделиме грант од 1,5 милијарда долари од вторите 3 милијарди евра за Сиријците во Турција“, рече Могерини.
Говорејќи на церемонијата на отворање на Конференцијата за Сирија во од ЕУ и ОН во Брисел, Могерини нагласи дека решението во Сирија не е воено, туку политичко.
Турција е домаќин на над 3,5 милиони сириски бегалци, повеќе од која било земја на светот.
Во сирија владее жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.