Bedrudin Brljavac
01 Април 2024•Ажурирај: 04 Април 2024
АНТВЕРПЕН (АА) - Во градот Антверпен во Белгија поставена е ифтарска софра долга два километра за да можат луѓето задно да ифтарат (да јадат по целодневниот пост), известува Анадолу.
Во организација на голем број невладини организации на улицата „Турнхоутсебан“ поставени се маси по повод ифтар, вечерен оброк во текот на месецот на постот Рамазан, како еден вид проект на соживот и толеранција.

Рамазан е благословениот месец на муслиманите, Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар. Здравите возрасни муслимани во текот на овој месец постат од изгрејсонце до зајдисонце. Постот подразбира да не се консумираат храна, течности, да не се прават неморални дела и да се избегнува гнев или лутина.
Исто така, се охрабруваат за добри дела, молитви и читање на Куранот. Муслиманите веруваат дека светата книга Куран е објавена во текот на месецот Рамазан.
