İbrahim Salih ,Afra Aksoy
14 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
БАГДАД / МОСУЛ (АА) - Во бомбашки напади што беа изведени во ирачкиот главен град Багдад и во градот Мосул, кој се наоѓа во северниот дел од државата, животот го загубија 10 лица, од кои четворица се војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Воениот офицер, мајор Невфел ез-Земили на дописникот на АА му соопшти дека на југоистокот од Багдад, во Џиср Дијала и Нехраан, на истокот во Хај Ур и на југозападот во Хај ел-Амил, врз народот на отворен простор биле извршени бомбашки напади во кои животот го загубиле 5 лица, додека 19-мина биле ранети.
Мајорот Земили соопшти дeка на северот од Багдад, во областа на Ел-Мошахеде бил извршен самоубиствен бомбашки напад врз контролен пункт, во кој животот го загубиле четири војници, а деветмина се ранети.
Опсерваторијата за слободата на медиумите во Ирак даде свое писмено известување во кое се вели дека во нападите што ги изведува терористичката организација ДАЕШ, животот го загубил еден фото-репортер, додека еден медиумски дописник е ранет.
Во соопштението се наведува дека загинатиот фото-репортер е Али Махмуд, претставник на приватниот телевизиски канал Ел-Гарид, кого додека ја извршувал својата работна задача го погодило парче од ракетен проектил, а пак ранетиот новинар Али Џевад е претставник на државниот телевизиски канал.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападите.