Emre Karaca
22 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
РИО ДЕ ЖАНЕИРО
Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, ја обвини државната агенција, која објави извештај за намалувањето на шумскиот појас во Амазон, дека му наштетува на меѓународниот имиџ на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Болсонаро во изјавата за веб-страницата „Г21“, критикувајќи го Бразилскиот национален институт за вселенски истражувања (INPE), кој без да ја консултира Владата објави извештај за намалувањето на шумскиот појас во Амазон врз основа на истражувања од сателитски снимки, рече дека тоа негативно влијание врз меѓународниот имиџ на земјата.
Во извештајот објавен минатата недела од страна на Бразилскиот национален институт за вселенски истражувања (INPE), кој работи во рамките на Министерството за наука, технологија и иновации, преку сателитски снимки беше објавено дека повеќе од илјада квадратни километри шуми биле уништени во регионот Амазон во првата половина на јули. Во извештајот се истакнува дека во споредба со истиот период лани загубите се зголемени за 68 отсто.
Болсонаро, во својата изјава пред два дена, истакна дека се сомнева во веродостојноста на Бразилскиот национален институт за вселенски истражувања (INPE), тврдејќи дека работи во служба на некои невладини организаци.
Како одговор на изјавата на Болсонаро, претседателот на Бразилскиот национален институт за вселенски истражувања (INPE), Ричард Галвао, нагласи дека наводите дека неговата институција е манипулирана не се точни и дека податоците на Институтот се отворени за јавноста и објавени во меѓународни научни списанија.