Emel Öz Gözellik
23 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
ГУВАХАТИ (АА) - Во североисточниот дел на Индија, на подрачјето на Голагхат и Џорхат во сојузната држава Асам, од консумирање на нелегално произведен алкохол животот го загубија 50 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави индиски „Тајмс“ („Times“), вчера во подрачјето на Голагхат, на полињата засадени со чај, животот го загубија 14 лица, од кои 8 жени. Како причина за смртта се наведува консумирање на нелегално произведен алкохол.
Официјални претставници на полицијата информираат дека бројот на починати од консумирање на нелегално произведен алкохол е зголемен за уште 36 нови случаи во подрачјата на Голагхат и Џорхат, со што бројката на починати се искачи на 50.
Полицијата приведе 5 лица за кои се сомнева дека се одговорни за производството на нелегалниот алкохол.
Во индиската сојузна држава Утар Прадеш, овој месец, од консумирање на нелегално произведен алкохол, животот го загубија 99 лица.