Hacer Başer
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
АДЕН (АА) – Во војната во Јемен, за период од една година, животите ги загубија 335 деца, пренесува Anadolu Agency (AA).
Невладината организација „Оксфам“, со седиште во Велика Британија, преку својот профил на Фејсбук истакна дека од 9 август 2018 година до денес, како резултат на воздушните напади, мини и други случајни напади, во Јемен животот го загубиле 335 деца.
Директорот на „Оксфам“ во Јемен, Мухсин Сидики, истакна дека во последната година речиси секој ден се убива по едно дете.
Сидики, истакнувајќи дека насилството, гладот и болестите, продолжуваат да ги загрозуваат животите на цивилите во Јемен, рече дека е потребно итно прекинување на огнот во земјата за да се спречат понатамошни смртни случаи.
- Граѓанската војна и хуманитарната криза во Јемен -
Во Јемен, која се наоѓа во длабока политичка криза, се случуваат конфликти помеѓу Хусите поддржани од Иран и владините сили.
Бунтовничкото движење на Хусите го контролира главниот град Сана од септември 2014 година и уште неколку важни региони во земјата од септември 2014 година, додека коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја поддржува јеменската Влада од март 2015 година.
Во Јемен илјадници луѓе ги загубија своите животи во судирите што траат пет години. Во Јемен, една од најсиромашните земји во светот, растечката хуманитарна криза поради граѓанската војна достигна големи размери.