Fuat Kabakcı
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
ПЕКИНГ (АА) - Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди североисточниот крајбрежен дел на Тајван, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за мрежа на земјотреси на Кина соопшти дека на отворени води кај подрачјето на Јилан, кое се наоѓа во североисточниот дел на островот Тајван, бил регистриран земјотрес со јачина од 6,4 степени.
Се вели дека земјотресот се случил на длабочина од 30 километри, но не се дадени информации дали има жртви или повредени.
Од друга страна, тајванскиот Централен метеоролошки завод соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6 степени, а се случил на длабочина од 22,5 километри.
Овој Центар нагласи дека епицентарот на земјотресот бил на отворени води, на далечина од 35 километри од подрачјето на Јилан. Земјотресот бил почувствуван и во внатрешните делови на островот, но со помал интензитет, односно со јачина од 3 и 4 степени.
Поради земјотресот привремено е одложен метро-транспортот.