Ekip
12 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
БЕРЛИН (АА) - Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезиер, соопшти дека бројот на мигранти кои во таа земја стигнале во првите девет месеци во 2016 година е значително намален, јавува Anadolu Agency (AA).
Мезиер во Берлин зборуваше за мигрантите кои во Германија стигнале во првите три квартали од 2016 година.
„Кон крајот на септември изјавив дека бројот на мигрантите кои стигнале и се регистрирано во Германија изнесува 890.000. Овој број е намален, но и понатаму е голем. Во првите три квартали од оваа година пристигнаа околу 213.000 нови бегалци”, изјави Мезиер.
Тој додаде дека е забрзан процесот за одлучување на Федералниот завод за миграции и бегалци (БАМФ), благодарејќи на кој, барањето за азил е пренесено во одлука.
„Тоа е пораст од околу 165 отсто во однос на истиот период минатата година. Само во септемви се донесени околу 70,000 одлуки, што е еднакво на вкупниот број од 2012 година, кога изнесуваше 62.000”, потсети германскиот министер.
Мезиер изјави дека до 30 септември оваа година поднесени се 660.000 барања за азил.
Според неговите зборови одобрени се повеќе од 60 отсто од апликациите за азил, а мигрантите кои на одредено време ќе останат во Германија, ќе бидат пратени на курс на прилагодување на животот на оваа земја.
Министерот за внатрешни работи на Германија изјави дека за девет месеци во 2016 година, Германија доброволно ја напуштиле или депортирани се околу 60.000 лица.
Мезиер додаде дека по Договорот за реадмисија на бегалците, постигнат помеѓу Турција и Европската унија (ЕУ), значително е намален бројот на сириските бегалци кои бегаат во Грција, но дека е приметно повторно помало повлекување за што министрите за внатрешни работи на земјите на ЕУ разговараат со грчките официјални лица.
Членот на управниот одбор на БАМФ, Франк Јунгер Вајс, истакна дека процесуирањето на 282,000 барања за азил поднесени од почетокот на годината до 30 септември, а до сега е донесена одлука за вкупно 426.000 апликации.
Во извештајот на БАМФ за првите девет месеци 564.506 лица, прв пат поднесоа барање за азил, од кои 224,632 се од Сирија.
Следат Авганистанците со 100.265, и Иранчаните со 78.426 барања.
До крајот на септември оваа година донесена е одлука за 392.833 апликации, од кои 187.385 се за сириските бегалци.