Mesut Zeyrek
22 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
КЕЛН (AA) – Денеска имало дојава за поставена бомба во џамија во Дуизбург, Германија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Денеска во 10:20 часот по локално време како резултат на дојавата за поставена бомба во Централната џамија, која припаѓа на Турско-исламската унија за религиозни прашања (DITIB), полицијата повлече безбедносен појас и започна истрага за пронаоѓање на бомбата.
„Бомбата од типот „TATP“, која е поставена на главната врата од џамијата, ќе експлодира во 15:45 часот“, беше истакнато во имејлот потпишан од Комбат18.
По известувањето за е-поштата, полицијата од безбедносни причини ги евакуираше луѓето од џамијата.
Во Германија, во последните две недели се случија пет дојави за поставени бомби и три напади врз џамии.